Воведот на Предлог-законот за млади содржи дел во кој се дава оценка на состојбите во областа што треба да се уреди со законот и причините за донесување на истиот. Без да се навлага во детална оценка на состојбите (и покрај неколкуте истражувања поддржани од Агенцијата за млади и спорт, меѓу другото), предлагачот идентификува две клучни причини: „земјите веќе имаат добро развиени младински политики кои се регулирани со законски решенија.“ и „деветнаесет години по етаблирањето на независна и самостојна држава…статусот на младите се уште не е сеопфатно и конкретно уреден во Република Македонија.“