Јавните набавки во Македонија се регулирани со Законот за јавните набавки, којшто беше донесен во 2007 година, а почна да се применува во 2008 година, изработен според тогашните директиви на Европската Унија. Оттогаш наваму законот претрпе десетина значајни измени, кои имаа различно дејство врз обезбедувањето на основните принципи на јавните набавки – конкуренција меѓу понудувачите и нивни еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет во процесот на доделувањето договори за јавни набавки и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за доделувањето договори за јавни набавки.