Правото на образование на децата Роми со посебен фокус на девојчињата Ромки
Извештаите и истражувањата на повеќето меѓународни и домашни организации и институции во земјава покажуваат дека постои разлика во нивото на образование и на писменост помеѓу ромската заедница и останатата популација. Јазот во писменостa кај возрасните Роми и кај оние што не се Роми е голем. Овој јаз е уште поголем кај ромските и кај неромските жени. Според индексот за ромската вклученост, спроведен преку истражување на неколку меѓународни организации, разликата помеѓу ромските и неромските деца во Република Македонија(Р.М.) кои запишуваат основно образование е 23%, додека кај девојчињата оваа разлика изнесува 32%. Разликата во продолжувањето на средното образование помеѓу ромските и неромски ученици општо, изнесува 43%, додека разликата помеѓу ромските и неромските девојчиња е дури 53%.2
Најголем број рани бракови има меѓу ромските деца, особено кај девојчињата кои најчесто рано го напуштаат средното, па дури и основното училиште.