Правосудство и Основни човекови права
Во последниот Извештај за Македонија 2015 на Европската Комисија се нотирани недостатоци во делот на
имплементацијата на реформите во судството и во однос на фундаменталните човекови права. Детектираната состојба иницира спроведување на истражување на јавното мислење во врска со областите опфатени со Поглавјето 23 – Судството и основни човекови права со кое ќе се обезбедат податоци за: искуствата, сознанијата и перцепциите на граѓаните за познавањето на: Поглавјето 23 (правосудство, борба против корупција, темелни права и права на граѓаните на ЕУ); познавањето на уставно загарантираните права и механизмите за нивна заштита; довербата на граѓаните во правосудниот систем, која ќе опфати доверба во работата на јавното обвинителство, судовите, Судскиот совет на Република Македонија и Советот на јавни обвинители на Република Македонија.