Можноста граѓаните на брз и ефективен начин да ги остварат или заштитат своите права пред администрацијата се нарекува административна правда. Со други зборови, административната правда претставува систем на правила кој гарантира донесување законити одлуки од страна на администрацијата, во разумен рок. Токму правилата на управната или административна постапка, по кои е должна да постапува администрацијата, се воспоставуваат со цел да обезбедат правна сигурност во процесите на донесување одлуки, но и да обезбедат доволен степен на правна заштита на граѓаните против одлуките со кои се одлучува за нивните права и обврски.