Подобрување на учеството во демократските процеси на заедниците под 20%
Проектот „Подобрување на учеството во демократските процеси на заедниците под 20%“, покрај својата главна цел на зајакнување на капацитетите на овие заедници во подобрување на условите за практикување на нивните права, нивната политичка, граѓанска и медиумска застапеност како и презентацијата на нивната култура и видливост, содржи и специфичен дел кој се однесува на идентификација на проблемите и изготвување на препораки за подобрување на соработката помеѓу централните и локалните општински власти и невладиниот сектор во остварување на правата на овие заедници во локалната самоуправа.