Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) бележи се поголеми тековни дефицити како последица на раст на трошоците за пензии наспроти пониските приходи од придонеси од осигурениците. Да се одржи релативното ниво на животниот стандард на пензионерите, при растот на бројот на пензионерите, намалување на младото население, бавниот раст на вработеноста и ниските плати во Македонија е главен предизвик за пензискиот систем. Овој труд нуди анализа на основните фактори кои влијаат на одржливоста на пензискиот систем, која треба да служи како подлога за други подлабински и систематски анализи на пензискиот систем.