Република Македонија е мала земја на југоисточниот крај на Европа. Земја со парламентарна демократија која се здоби со независност од поранешната Југославија во 1991 година. Земјата има 27 основни судови, 4 апелациски судови и еден Врховен суд. Административните прашања се решаваат од административните судови, додека уставните и законските прашања ги решава Уставниот суд.