Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 март 2011 година, во три дневни весници („Дневник“, „Време“ и „Коха“), две телевизии кои емитуваат програма на национално ниво („А1 ТВ“ и „Алсат М“) и две телевизии кои емитуваат програма на локално ниво („Тера“ од Битола и „Ирис“ од Штип). Предмет на анализа во рамките на ова истражување се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен медиум. Во мониторингот беа вклучени написи кои се однесуваат на корупцијата, корупциските практики, обвинувањата и сомничењата за корупција, злоупотребата на јавни средства, како и на преземените антикорупциски мерки, активности и политики.
Мониторингот се спроведе во периодот од април до јуни 2011 година.