Развојот на демократските вредности, почитувањето на човековите права и
владеењето на правото се едни по основните начела на Европската Унија, па оттука
спроведувањето на овие вредности во Република Македонија е од суштинско значење во
процесот на евроинтеграциите. Транспаренси Интернешнл – Македонија (ТИ-М) во
извештајот на „Националниот систем на интегритет – оценка за Македонија“ нотираше
дека „извршната власт е независна и доминантна во управувањето во Република
Македонија до степен што ја загрозува независноста на другите два сегменти:
законодавната и правосудната власт. Партиите на власт ја заматуваат линијата меѓу
државата и партијата, ги политизираат институциите на државата и се мешааат во
процесите на одлучување“