Љубов по часови
„Сите млади луѓе имаат право на сеопфатни информации, образование и услуги за сексуалното и репродуктивното здравје, да бидат активни граѓани, да имаат задоволство и доверба во својата сексуалност, и да бидат во состојба сами за себе да донесат одлуки за информиран избор“. Во целиот свет сè повеќе се зголемуваат барањата на младите да бидат признаени како сексуални суштества со експлицитно право на сексуално образование. Барањата за образование за сексуално и репродуктивно здравје произлегуваат од обврските на државите преземени со меѓународните конвенции за човекови права кои ги имаат ратификувано. Комитетите на ОН, кои го набљудуваат спроведувањето на конвенциите за човекови права, го признаваат правото на сексуално образование во контекстот на обезбедувањето на правото на здравје и честопати бараат од државите да имплементираат програми за сексуално образование.