Овој кус документ за јавни политики (policy brief) се фокусира на момен-талната состојбата на гинеколошко – акушерската дејност во Р.Македонија , истиот посочува на слабостите на гинеколошко – акушерската дејност и дава препораки за надминување на истите. Национален ромски центар врз основа на докази евидентирани од терен откривме дека има потреба за зајакнување на улогата на акушерките во постоечкот
здравствен систем на Р.Македонија, со цел да се зголеми квалитетот на акушерската нега која се дефинира како: “ третман на жените во текот на бременоста, породувањето и периодот по породувањето, како и на новороденчето и доенчето од страна на акушерки со цел за зачувување или постигнување нивно најдобро здравје, како и работа во определени области на гинекологијата и планирањето на семејството”.