Се наоѓаме на половина од втората декада на 21 век, кога негативните ефекти од климатските промени се неоспорливи. Земјите од цел свет, помалку или повеќе, се обидуваат да најдат начини како да се заштитат или прилагодат на овие промени, а притоа да продолжат да се борат за раст на нивните економии.