Во парламентарната демократија, одлуките се носат со мнозинство. Владејачкото мнозинство има мандат од 4 години за да ја понесе одговорноста за донесените одлуки пред судот на граѓаните изборите. Во повеќето случаи, донесените одлуки може да бидат повлечени и државата да заземе поинаков курс со новото парламентарно мнозинство. Некои одлуки може да се сменат, некои може да се надополнат. Одлуките, пак, што имаат поголемо значење за јавноста, може да бидат донесени по пат на компромис меѓу различните политички чинители (партии). Но, има група поларизирачки политички прашања поврзани со моралниот светоглед за кои компромисот е суштински невозможен. Моралните гледишта произлегуваат од религијата,
наследството и средината. Mодерирањето на овие прашања е многу тешко. Тие поттикнуваат силни емоции и длабока поделба во општеството. Тука спаѓаат прашања како: женски репродуктивни права, право на избор на достоинствена смрт на терминално болните лица (евтаназија), еднаквост на брак и слично.