За поимот „онлајн“ или „нови медиуми» постојат неколку дефиниции. Повеќето технологии карактеризирани како нови медиуми се дигитални и често имаат карактеристики на манипулираност, интерактивност и вмрежување. Како неколку примери можат да се издвојат Интернетот, веб-страниците и компјутерската мултимедија. Според Лев Манович, под поимот нови медиуми не се подразбираат телевизиските програми, филмови, книги, весници или други печатени изданија кои имаат содржини
кои не дозволуваат интеракција. Тој вели дека дефинициите за новите медиуми мора да бидат ревидирани секои две-три години, а по еден одреден период тие нема да бидат веќе „нови“.