Во Република Северна Македонија, се најавуваат законски промени преку кои
граѓаните ќе може да креираат електронски идентитет, преку кои услугите од
институциите ќе ги добиваат електронски. Сето тоа води кон трансформација
на јавните услуги и нивна дигитализација. А тоа би придонело до заштеда на
пари, поквалитетни јавни услуги и зголемена транспарентност, полесен
пристап до податоци и секако бришење на воспоставениот бирократски систем.
Одржливото земјоделство е во срцето на “Целите за одржлив развој” на
Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без
глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат
обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат
одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и
производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го
зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени,
екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои
постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.
Во изминатиот период, земјоделството, заедно со ловство, шумарство и
рибарството има остварено вкупен пораст на бруто додадената вредност од
4,5%. Секторот бележи континуиран годишен пораст на вредноста од
871.400.000 евра во 2014 година на 910.900.000 евра во 2019 година, освен во
2017 година поради влијанието на временските услови. Од друга страна,
релативното учеството на земјоделскиот сектор во бруто додадената вредност е
намалено од 10,2% на 8,1% поради поголемата додадена вредност остварена
во останатите попропулзивни економски дејности.