Истражување за разбирањето и познавањето на граѓаните на човековите права и механизмите за заштита при нивно прекршување
Овој дел од извештајот содржи опис на методологијата и процедурата користена во спроведувањето на истражувањето. Истражувањето реализирано во рамки на проектот „Зголемување на транспарентноста
и подобрување на владеењето на правото преку следење и известување за прекршувањето на човековите права во Република Македонија“, што го спроведува Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република
Македонија, а е поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија, ги опфаќа: мислењата, сфаќањата и информираноста на граѓаните во врска со човековите права и институциите што се занимаваат со овие прашања и треба да ги штитат овие права.