Истражување за правото на сопственост и наследното право на жените во Полошкиот регион
Една од дискриминаторските димензии на жените е нееднаквиот пристап во поглед на сопственоста и имотното наследство. Потврдено е дека негирањето на правото во имотно наследство влијае многу врз економската стабилност и независност на жената во општеството. Различните истражувања покажуваат дека клучни причини за отстранување на жената од имотното наследство, кои ја ставаат жената настрана од овој
процес, се традицијатата и обичаите. Во многу структурални патријархални општества се случува појава на исклучување на жената од правото на имотно наследство, како резултат на применување на норми и обичаи низ генерации.