ИПА зошто, колку, и за што ?
Со кравот на 2013 година, се завршува првиот циклус на Инструментот на претпристапна помош ИПА, воведен пред шест години, и со тоа се заклучува првата финансиска рамка 2007 – 2013 година. Предлогот за Регулативата ИПА ΙΙ ( која го покива периодот 2014 – 2020) е се уште во процедура. Според предлогот на регулативата за ИПА ΙΙ , измените се насочени кон поедноставување, флексибилност, кохерентност и ефикасност во користењето на фондовите на ЕУ. Воедно, предлогот воведува зајакната врска помеѓу финансиската помош и агендата за пристапување. Поради тоа, крајот на 2013 година претставува одличен период кога можат да се сумираат резултатите и да се извлечат поуки и препораки за понатамошните активности кои ќе имаат цел што поцелосно и што поефикасно користење на помошта од ЕУ, како и останатите донатори.