Не е потребно да сте правник или да консултирате адвокат за секој договор што сакате да го склучите.Ако имате деловна способност (определена возраст во РМ 18 години,  и сте ментално здрави и способни за расудување) не е потребно ништо друго, освен уште една страна за да склучите договор. Но, секако е добра идеја да се консултирате со адвокат пред да потпишете комплексен договор што подразбира вложување и на голема сума пари – купување на стан, куќа или реновирање по пат на клуч на рака и слично.