Коалицијата ,, Сите за правично судење” е мрежа на 19 организации активни на полето на заштита на човековите права и владеење на правото. Основната мисија на Коалицијата се однесува на почитувањето на човековите права и слободи, особено на меѓународните стандарди за правично судење преку разни форми на делување во настојувањето да се зголеми нивното имплементирање, да се иницираат институционални и правни реформи, како и да се врати довербата на граѓаните во судството и другите институции на системот.