Севкупната цел на овој проект е да придонесе за изготвување на ефективни и одржливи
механизми на владеење на правото и правен систем што ќе ги штити правата на сите граѓани(к)и. Во
таа насока, ОБСЕ продолжи да им помага на националните чинители во усвојувањето и кроењето
на подобрувањата на законодавството што ги регулира злосторствата од омраза и говорот
на омраза, да ги подобри капацитетите на релевантните институции и граѓански организации
за справување со овие феномени, да ја зголеми свеста кај општата и експертска јавност за
последиците на инцидентите предизвикани од пристрасност и да ја прошири регионалната
академска размена.