Овој извештај е резултат на проектот „Зајакнување на националните капацитети за справување
со криминал од омраза и говор на омраза“, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во
Скопје, а спроведен во периодот помеѓу 1 јануари и 31 декември 2015 г. Главната цел на проектот
е да се зголеми разбирањето и да се засили капацитетот на институционалните и граѓанските
општествени чинители за ефикасно справување со злосторството од омраза и говор на омраза во
согласност со домашното законодавство, заложбите на ОБСЕ и меѓународните стандарди. Една
од главните цели на проектот е да се зголеми капацитетот на правните практичари и граѓанското
општество за проследување и пријавување појави на злосторства од омраза во земјата. Овој
извештај се предвидува да послужи како индикатор на опсегот, природата и зачестеноста на
злосторствата од омраза извршени во земјата.