Финалниот извештај за институционалниот одговор против изборните нерегуларности во периодот 2008-2009 година е производ на проектот „Следење на институционалниот одговор против изборните нерегуларности“ кој се имплементираше од страна на коалицијата „Сите за правично судење“ од јули 2008 до јуни 2009 година. Проектот беше финансиран од мисијата на ОБСЕ во Скопје (во текот на 2008 година) и од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (во текот на 2009 година). Општата цел на проектот е да се придонесе кон демократски изборен процес и владеење на правото во Република Македонија.