Финален извештај од набљудувањето на работата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот 2013 – 2016 година
Во периодот октомври – ноември 2017 година, Рурална коалиција, во рамки на проектот “Отчетност за сработеното со парите на граѓаните – реформа на јавната администрација која тешко се докажува“, како дел од проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“, на Фондацијата Отворено општество –Македонија и Евротинк – Центар за европски стратегии, а финансиран од Европската Унија спроведе две анализи: 1) Анализа на легислативата и создадените механизми за создавање, споведување и начинот на трошењето на буџетските средства при спроведувањето на политиките и 2) Истражување за запознаеноста на земјоделците
за начините и механизмите за нивно вклучување во процесите на создавање и споведување на политиките.