Економско јакнење на жените од руралните средини- предизвик, можност или недостижна цел?
Достигнувањето, но и практикувањето на родовата еднаквост преку
економско jакнење на жената во руралните средини е процес коj што бара
постоjано надоградување, но и застапување пред институциите. Жената е таа коjа
што го води семеjното земjоделско стопанство, коjа што раководи со финансиите,
коjа што придонесува кон диверзификациjата на земjоделското производство, но
коjа што еднакво е добра и во исполнувањето на домашните обврски како жена –
сопруга, маjка, снаа.
Економското заjакнување на жената од руралната средина треба да го
намали јазот кој што сè уште постои помеѓу жените и финансиските ресурси,
помеѓу потенцијалот на жените и улогата која што се очекува од нивна страна во
општеството.