Документ за јавна политика – Употреба на механизмите за консултација на граѓаните на локално ниво
Вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување на одлуки е тесно поврзано со децентрализацијата. Успешната децентрализација бара високо ниво на учество на локалната заедница во овие процеси. Локалните власти кои се ориентирани кон ефективна комуникација со граѓаните, се во позиција да им служат на граѓаните и да се фокусираат на “вистинските” приоритети и со тоа ефективно да ги користат општинските буџети. Поради тоа, комуникацијата помеѓу граѓаните и општинските власти мора да се одвива преку институционални механизми што можат да бидат прилагодени и подобрени. За граѓаните
ова претставува можност да се вклучат и да влијаат на проблемите што имаат директен ефект врз секојдневниот живот, а за властите можност за зголемување на поддршката за нивните идеи и пронаоѓање
на нови, иновативни начини за решавање на проблемите.