Наша цел со овој проект е да се работи на подобрување на фискалната и буџетската транспарентност на државата,бидејќи фактите за случувањата од декември 2012 година се веќе вкучени во извептајот на ад-хор комисијата.Политичките партии,политичарите и владата се инволвирани страни во овие случувања и затоа ЦЕА како независна страна може да обезбеди непристрасен преглед на извештајот и може да ја обезбеди својата експертиза за тоа како да се имплементираат препораките од извештајот кои се однесуваат на фискалната транспарентност и буџетскиот процес.Сето ова е во согласност со нашата мисија и нашето претходно искуство кога делуваме за подобрен економски раст и развој на Р.Македонија,а со тоа и кон поголема транспарентност и отчетност на Владата што на крајот ќе доведе,се надеваме,до подемократска држава.