Поради доминантниот сексизам и хомофобија во општествата во кои живеат, особено во конзервативните општества и земји, лезбијките, геј мажите, бисексуалците, транссексуалците, квир лицата и интерсексуалците (ЛГБТКИ) често се жртви на дискриминација, малтретирање и со ограничен пристап до услуги (Канцеларијата на високиот комесар за човекови права [OHCHR] Обединети нации, 2011 година). Насилството врз сексуалните малцинства и врз оние со поинакво родово изразување и идентитет е
видливо во сите региони на светот (OHCHR, 2011 година). Сексизмот, вклучувајќи ги тука хомофобијата и трансфобијата кои постојат во одредени региони и земји, негативно влијаат врз идентитетот на ЛГБТКИ лицата, по нив лично, во нивниот однос кон другите, врз нивното ментално здравје, како и врз севкупната благосостојба на овие лица.