Како и во многу други земји, процесот на европската интеграција на Македонија беше во најголема мера
предводен од елитите. Недостатокот на автентична, инклузивна дебата доведе до површни и нецелосни
информации, како и до недостаток на пристапни и објективни податоци за ЕУ. Се чини дека обичните
граѓани, оние чие живеење ќе биде најзасегнато од пристапувањето во ЕУ, беа изоставени. Членството во ЕУ отвора бројни можности и предизвици кои бараат донесување на тешки одлуки од страна на националните влади на идните земји членки. Како земја кандидат за полноправно членство во ЕУ, Македонија зависи од мислењето на своите граѓани за да може да направи правилен и легитимен избор. Националната дебата за ЕУ има за цел да ја зајакне културата на информирана јавна дебата во Република Македонија. Вклучувајќи ги граѓаните во отворена дискусија со експертите и интелектуалците за европски политики, им дава можност да ги изразат своите гледишта. Заклучоците и наодите на националната дебата ќе бидат споделени со релевантните креатори на политики и носители на одлуки, како и со пошироката јавност.