Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Уште позначајно за разбирањето на обемот и на значењето на јавните набавки е што преку нив се троши повеќе од една третина од буџетот на земјата.