Целта на проектот e да промовира економско зајкнување на жените на локално ниво како фактор за подобрување на родовата еднаквост. Преку специфичните цели на проектот ќе се настојува: да се утврдат главните фактори кои негативно влијаат на ниското учество на пазарот на трудот на жените од ранливите категории; да се олесни пристапот на жените од ранливите категории на пазарот на труд и да се воспостави
соработка со сродни организации од Косово, размена на искуства, практики и предлагање решенија.