Анализа на податоците од набљудуваните судски постапки во 2015 година
Реформата на казнено – правниот систем во на државата, која се спроведува подолг временски период, ја опфати и реформата на кривичната постапка. Низ годините на примена на претходно важечкиот Закон за
кривична постапка, во определен временски период стана јасно дека определени правила или принципи не се веќе ефикасни. Инквизиторниот систем од континентален модел, кој се применуваше во нашата држава предвидуваше главна улога на судот, почнувајќи од истрагата, па до завршувањето на постапката и судот го носеше главниот товар на спроведување на постапката, но и на прибавување на доказите.