Североисточниот плански регион е регион кој има најголема стапка на невработеност во Македонија од 44%, што претставува 16 процентни поени повисоко од националниот просек, кој во 2014 година изнесувал 28%, а истовремено и најниска стапка на вработеност од 30,3%. Во истата година, стапката на невработеност во ру-
ралниот дел на СИПР е 52,2%, што претставува двојно повеќе, односно 25,7 процентни поени повисока во споредба со просечната национална стапка на невработеност во руралните делови која изнесува 26,5%. Стапката на невработеност во СИПР пак, во урбаниот дел е 39,3%, или 9,9 процентни поени повисока од националниот просек на стапка на невработеност во урбаниот дел од 29,2%.