За спроведувачите
СДЦ – Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) ги ангажираше НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска за спроведување на Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас, 2014-2018“. За повеќе информации посетете ја: https://www.eda.admin.ch/sdc
НИРАС е данска консултантска компанија со повеќе од 1300 вработени, од нив 280 работат на развојни проекти. Градејќи се на повеќе од 40 години искуство во преку 100 земји, НИРАС нуди широк спектар на услуги и програмско менаџирање, вклучително и области како што се добро владеење, децентрализација и граѓанско општество. За повеќе информации посетете ја: www.niras.dk
МЦМС е граѓанска организација основана во 1993 година која предводи и поттикнува промени во Македонија и пошироко преку нови и алтернативни решенија на општествените проблеми. МЦМС веќе 20 години е значаен актер на граѓанското општество, кој води програми за институционален развој и организациско јакнење, вклучувајќи застапување за овозможувачка средина, градење на капацитетите, финансиска поддршка и истражување. Покрај тоа, МЦМС дејствува и во секторите на социјална кохезија, локален и рурален развој и добро владеење. Од 1993 г. МЦМС спроведе повеќе од 65 програми со реализирани преку 1.500 проекти во овие сектори. МЦМС во 1998 година ја доби наградата на САД и ЕУ за граѓанско општество и демократија. За повеќе информации посетете ја: www.mcms.mk
СИПУ е шведска консултантска компанија која промовира општествени промени низ целиот свет и е специјализирана за спроведување на институционален развој и организациско јакнење во земјите во транзиција, со силен акцент на земјите од Западен Балкан. Нејзината работа вклучува и развој на капацитетите на поединци и организации. За повеќе информации посетете ја: www.sipuinternational.se