Национален форум: „Време на предизвици“

Националниот форум ќе се одржи на 16 ноември 2016 г., среда, во хотел Дрим во Струга.


Националниот форум ќе се одржи на 16 ноември 2016 г., среда, во хотел Дрим во Струга.
Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на акции. Покрај тоа, националните форуми треба да ја подобрат интеракцијата и придонесат во соработката меѓу граѓанските организациите, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти.
Националните форуми претставуваат и уникатна можност граѓанските организации и други заинтересирани да се претстават, разменат мислења и искуства и да започнат соработка со повеќе граѓански организации од сите региони на Македонија и повеќето сектори на дејствување. На националниот форум во 2015 година, кој беше посветен на граѓанскиот ангажман и волонтерството, учество земаа 126 граѓански организации и имаше над 700 учесници и посетители.


Доверба во луѓе и институции Општата доверба во луѓето се уште е мнозинска со незначителни промени споредено со минатите години. Сепак, големо мнозинство на граѓани сметаат дека треба да се биде многу внимателен со други луѓе. Најголема доверба од страна на граѓаните уживаат приватниот и финансискиот сектор, потоа граѓанскиот сектор…

Соработката на Цивика мобилитас и Д-фестивал продолжи и оваа година со мобилизација на учеството на повеќе нејзини грантисти кои организираа проекции на документарни филмови, отворени дискусии, работилници, интерактивни игри, подготовка на храна, презентации и изложби се само дел од активностите кои побудија голем интерес кај посетителите на фестивалот. Преку тридневна дружба во рамките на ПлоштАрт катчето 10 грантисти на Цивика мобилитас, организираа активности преку кои информираа за нивните постигнувања, а дел од останатите го посетија фестивалот и учествуваа во активностите на нивните партнери.


Здружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

Од денес до 10 мај (во 16 часот) 2016 година, граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас.

Здружението на новинари на Македонија на 19-ти февруари го одбележа својот јубилеј 70-години од своето основање.
Буден Театар е независен театарски колектив, основан како здружение на граѓани, активен од 2008 година. Главниот фокус е развојот и растот на независната театарска сцена во РМ, нејзина меѓународна промоција, и стимулирање на интеркултурна размена. Буден Театар продуцира театарски претстави, организира семинари наменети за театарски професионалци, креативни курсеви за деца,…
Унитети прогресив од Скопје е граѓанска организација посветена на континуираното унапредување на образовната и културната сфера во македонското општество. Основните цели и задачи на Здружението се: Иницирање и промовирање на квалитетот на образовниот живот, пред се во основните и средните училишта, како и високото образование; Стимулирање на талентираните ученици и…
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.