Author: Цивика мобилитас

  • Национални форуми

    Форумите на Цивика мобилитас овозможуваат простор за артикулирање на идеи, но и за заедничко планирање и подготовка на акции. Покрај тоа, националните форуми треба да ја подобрат интеракцијата и придонесат во соработката меѓу граѓанските организациите, другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти.

    Националните форуми претставуваат и уникатна можност граѓанските организации и други заинтересирани да се претстават, разменат мислења и искуства и да започнат соработка со повеќе граѓански организации од сите региони на Македонија и повеќето сектори на дејствување. На националниот форум во 2015 година, кој беше посветен на граѓанскиот ангажман и волонтерството, учество земаа 126 граѓански организации и имаше над 700 учесници и посетители.

  • Доверба во луѓето, институциите и граѓанското општество 2016

    Доверба во луѓе и институции Општата доверба во луѓето се уште е мнозинска со незначителни промени споредено со минатите години. Сепак, големо мнозинство на граѓани сметаат дека треба да се биде многу внимателен со други луѓе. Најголема доверба од страна на граѓаните уживаат приватниот и финансискиот сектор, потоа граѓанскиот сектор…

  • Силниот ветар и високите температури не го спречија граѓанскиот активизам

    Соработката на Цивика мобилитас и Д-фестивал продолжи и оваа година со мобилизација на учеството на повеќе нејзини грантисти кои организираа проекции на документарни филмови, отворени дискусии, работилници, интерактивни игри, подготовка на храна, презентации и изложби се само дел од активностите кои побудија голем интерес кај посетителите на фестивалот. Преку тридневна дружба во рамките на ПлоштАрт катчето 10 грантисти на Цивика мобилитас, организираа активности преку кои информираа за нивните постигнувања, а дел од останатите го посетија фестивалот и учествуваа во активностите на нивните партнери.

    Silniot vetar i visokite temperaturi ne go sprechija gragjanskiot aktivizam 1

  • Барање на понуди: Изработка на веб апликација со база на податоци

    companyLogoЗдружението за рамноправен развој РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ (DeSo), го спроведува проектот „е-Платформа за соработка и развој на граѓанското општество (ГО) во Република Македонија“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од програмата Цивика мобилитас.

  • БУДЕН ТЕАТАР

    Буден Театар е независен театарски колектив, основан како здружение на граѓани, активен од 2008 година. Главниот фокус е развојот и растот на независната театарска сцена во РМ, нејзина меѓународна промоција, и стимулирање на интеркултурна размена. Буден Театар продуцира театарски претстави, организира семинари наменети за театарски професионалци, креативни курсеви за деца,…

  • Здружение на граѓани за образование и култура „Унитети прогресив“ Скопје

    Унитети прогресив од Скопје е граѓанска организација посветена на континуираното унапредување на образовната и културната сфера во македонското општество. Основните цели и задачи на Здружението се: Иницирање и промовирање на квалитетот на образовниот живот, пред се во основните и средните училишта, како и високото образование; Стимулирање на талентираните ученици и…

  • Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“

    Во декември 2015 година, поголем дел од тимот на Здружение на граѓани Ромски ресурсен центар, започна со процес регистрација на ново здружение на граѓани, како дел од потребата за понатамошен позитивен развој на тимот. Новото здружение, Иницијатива за развој и инклузија на заедниците има 9 основачи и три стратешки цели:…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор