Граѓаните за промена #12

ЈАНУАРИ - МАРТ 2022

Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. На самиот крај на претходната година, Владата ја усвои Стратегијата за соработка со и развој на граѓанското општество. Граѓанскиот сектор го доби четвртиот по ред стратешки документ за периодот 2022 – 2024 година. Оние што потемелно ги следат овие процеси и се вклучуваат во нив велат дека за разлика од претходниот документ кај овој има подобрување во дефинирањето на показателите за успех. Ова треба да им овозможува за заинтересираните полесно да следат дали се остваруваат стратешките определби. А нив ги има многу. Во трите приоритетни области има 12 стратешки и 26 оперативни цели.

Граѓанските организации побарале, а Владата се согласила дека посветено ќе работи на унапредување на системот на државно финансирање. Во показателот кој се однесува на оваа стратешка цел, Владата се обврзала дека државното финансирање од централниот буџет и од буџетите на општините, во 2022 година ќе биде 20% од вкупните приходи на ГО, а во 2024 тој ќе достигне 30% или околу 2 милијарди денари. За споредба, во 2020 година, учеството на државното финансирање (на централно ниво) во вкупните приходи на граѓанските организации изнесувало 5% или во апсолутни бројки, околу 5,5 милиони евра. Дури и да е исто нивото на одвоени финансии на локално ниво, тоа ја прави поддршката околу 11 милиони евра или околу 10% учество во приходите.

Дали показателот во Акцискиот план на Стратегијата е амбициозен? Веројатно е, ако се има предвид дека ни три месеци не издржа планираниот буџет за граѓански организации кој на централно ниво (ставка 463) изнесуваше околу 9 милиони евра. Под претпоставка дека исто толку пари ќе беа одвоени за граѓанските организации и на локално ниво и дека вкупниот буџет на организациите ќе се задржеше на нивото од 2020 година, нивото на финансирање ќе беше пониско од предвиденото во Акцискиот план. Но сега веќе тие пресметки не се валидни. Финансиите почнаа да се пренаменуваат уште во првиот квартал со изговор дека тоа е неопходно во време кога државата се соочува со неколку кризи.

Освен војната во Украина, сите други кризи беа активни и во време на планирањето на буџетот на државата, па и оној на општините. Финансиите инвестирани во граѓанските организации на крај завршуваат кај граѓаните – што е заеднички интерес на двете страни. Прашањето е колку сериозно Владата ги сфаќа граѓанските организации? Што „купува“ со ветување за кое однапред знае дека не може да го исполни? И што добива од ова што наликува на детска игра „важи – не важи?! А може треба да се вратиме чекор назад и да прашаме, знае ли Владата за што гласала кога ја усвоила четвртата по ред Стратегија за соработка со и развој на граѓанското општество и нејзиниот Акциски план? Ете толку сериозно и граѓанските организации ќе ја сфатат Владата и нејзините ветувања.

Ви посакувам пријатно читање!

Продолжи со читање

  • Граѓаните за промена #21

    АПРИЛ-ЈУНИ 2025 Новиот број на Граѓаните за промена #21 магазинот е посветен на овоможувачката околина. Граѓанските организации и нивниот придонес во програмите на кандидатите на локалните избори „Ни треба институционална култура за слушање на гласот на сите граѓани и сите ранливи групи“ – рече еден од граѓанските активисти, учесници на…

  • Граѓаните за промена #20

    ЈАНУАРИ-МАРТ 2025 Во овој број посветен на граѓанското учество, ги носиме приказните на оние кои не се помируваат со статус кво. Од Битола до Скопје, низ конференции, обуки, маршеви и локални анализи, граѓанскиот сектор ја води својата и битката на оние кои ги застапува за поинклузивно, одговорно и одржливо општество….

  • Граѓаните за промена #19

    ОКТОМВРИ-ДЕКЕМВРИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена #19, со фокус на Граѓански ангажман. „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена…

  • Граѓаните за промена #18

    ЈУЛИ – АВГУСТ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на овозможувачката околина. „Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не…

  • Граѓаните за промена #17

    АПРИЛ – ЈУНИ 2024 Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена. Првата порака за животната средина на која се сеќавам, ми се обраќаше од еден календар од „Наш Свет“, интересно, информативно и едукативно четиво за основци. На секоја страна имаше фотографии од различни птици, а пораката беше „Спасете не,…

  • Граѓаните за промена #16

    ЈАНУАРИ – МАРТ 2024 Добредојдовте во новиот број на магазинот на Цивика мобилитас, „Граѓаните за промена“, гласник на програма за поддршка на граѓанското општество поддржана од владата на Швајцарија, но и гласник на целото граѓанско општество. По пауза од речиси една година им се враќаме на темите и иницијативите кои…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор