16

Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

Вкупен буџет: 5.600.000 МКД

Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година

Специфична тема: Социјална инклузија

Партнери:

  • Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЖИВОТ Кавадарци
  • Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата и владините тела.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас:

Соочување со предизвиците и стигматизацијата

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Во навигацијата низ сложеноста на справувањето со здравствените разлики за лицата со попреченост во нашето општество, прецизното разбирање на локалниот контекст е најважно. Овој дел ја истражува релевантноста на проектот за уникатните потреби и ограничувања во посочениот плански регион, но и во целото општество особено во здравствениот сектор. Понатаму, го истражува стратешкото усогласување со постојните иницијативи на Европската Унија (ЕУ), нагласувајќи ја синергијата и избегнувањето на дуплирање за да се обезбеди хармонизиран и влијателен пристап кон подобрување на здравствените резултати за лицата со попреченост во целтото општетво – почнувајќи од локално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрена здравствена заштита на лицата за попреченост во сите три нивоа на здравствена заштита

Специфични цели:

  • Едуциран медицински кадар за прифат и третман на лица со попреченост
  • Воспоставен приоритет за лицата со попреченост во медицинските установи од сите три нивоа на здравствена заштита
  • Финансиско олеснување за лицата со попреченост при здравствена заштита

РЕЗУЛТАТИ

  • Изработена Платформа за пристапност
  • Зголемен Бројот на лица со попреченост кои добиваат редовна здравствена заштита од едуцирани лекари: над 90 лица со попреченост од трите општини корисници на редовна здравствена заштита
  • Изработен протокол за прифат и третман на лица со попреченост во процесот на пружање здравствена заштита
  • Намалени трошоци за семејствата на лицата со попреченост при користење на здравствена заштита: 70% помали трошоци за медицински третман на лицата со попреченост
  • Изработени совети за семејствата на лицата со попреченост
  • Едуциран медицински персонал за прифат и третман на лица со попреченост
  • Подигната јавна свест на медицинскиот персонал за правилен третман на лицата со попреченост
  • Поднесена иницијатива за промена на Законот за социјална заштита
  • Поднесена иницијатива за промена на Законот за здравствена заштита
  • Подигната свест на јавноста за важноста на третманот на лицата со попреченост
  • Реализиран еднодневнен Регионален настан во еден од партнерските градови: „Фестивал на пристапноста“

АКТИВНОСТИ

  • Изработка на онлјан платформа
  • Реализација на три тркалезни маси – семејства и организации на лицата со попреченост – наспроти медицински работници ( лекари и друг медицински персонал) – проблеми и искуства
  • Изработка на едуктативни видеа
  • Изработка на предлог протокол за опфат и третман на лицата со попреченост во процесот на пружање на здравствената заштита
  • Изработка на инфо-табли за процесот на опфат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи
  • Изработка и дистрибуција на налепници „Пристапен Доктор“ (Р1.2)
  • Изработени прирачници за семејствата на лицата со попреченост за користење на услугата “Пристапен Доктор“
  • Реализација на три едукативни сесии за запознавање на медицинскиот персонал со протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост (Р1.4)
  • Изработка на профили на социјалните медиуми (Фејсбук и Инстаграм) за платформата „Пристапен Доктор“
  • Испитување на јавното мислење (преку онлјан прашалник) за проблемите на семејствата на лицата со попреченост, како и на медицинскиот персонал при процесот на третман на лицата со попреченост
  • Реализирање на анкета преку директен контакт со семејствата на лицата со пореченост во трите општини за проблемите и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост
  • Анализа на добиените резултати од онлјан прашалникот и анкетата и изработка на извештај за јавното мислење
  • Тркалезна маса за презентација на резултатите од онлјан прашалникот и анкетата
  • Две тркалезни маси – семејства и организации на Лицата со попреченост – наспроти социјалните работници и претставници на Локалните институции за социјална заштита – соочување на проблемите и предизвиците со кои се соочени ЛП– можност за креирање дополнителен Фонд за медицинска грижа за лицата со попреченост
  • Поднесени иницијативи за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита
  • Тркалезна маса на организациите со пратеници во Собранието за измени и дополнување на Законот за социјална заштита и Законот за здравствена заштита
  • Еднодневен регионален настан во еден од партнерските градови: „Фестивал на пристапноста“

ВЕБ СТРАНИЦА

www.porakanegotino.eu.mk

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор