14

Хуманитарно здружение МАЈКА Куманово

Вкупен буџет: 5.599.845 МКД

Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година

Специфична тема: Родова еднаквост

Партнери:

  • Регионален центар за соработка СПЕКТАР – Крива Паланка
  • Фондација за развој на мали и средни претпријатија- Куманово
  • Регионален центар за одржлив развој – Кратово

Конституенти:

  • Жени од селата: Речица и Пуковско (Општина Куманово); Кетеново, Туралево и Шлегово во (Општина Кратово) и Конопница, Дурачка Река и Градец (Општина Крива Паланка)
  • Примарни корисници: жени членки на работните тимови од осум локални заедници (селата Речица, Пуковско, Кетеново, Туралево, Шлегово, Конопница, Дурачка Река и Градец)
  • Главни актери: општините Куманово, Кратово и Крива Паланка
  • Крајни корисници: жители на селата Речица, Пуковско, Кетеново, Туралево, Шлегово, Конопница, Дурачка река и Градец.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас:

Активни жени

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Мобилизацијата и вклучувањето на жените ор рурални заедници во креирањето на локалните политики и полесниот пристап до пазарот на трудот – ќе придонесе во родово сензибилизирање на алатките за граѓанско учество, со цел да одговараат на потребите на жените од руралните заедници како и нивното потикнување и зајакнување за застапувачки акции. Истовремено жените ќе се информираат и за можностите на пазарот на трудот. Општините ќе изградат методологија за вклучување на жените од руралните заедници во планирањето и одлучувањето во нивните програми и буџети. Ова придонесува гласот на жените од руралните заедници, нивните потреби и интереси да се чујат, а со тоа политиките кои се развиваат и носат да одговараат на потребите, интересите и барањата на овие жени.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Примена на модели за учество на граѓаните во носење одлуки на локално ниво преку родово сензибилизирање на алатките за учество, со цел да одговораат на потребите на жените.

Специфични цели:

  • Зајакнати рурални жени за самостојно делување и придонес во процесот на родово сензибилизирани политики при донесување на програмите и буџетите на Општините  Куманово, Крива Паланка и Кратово.
  • Зајакнати рурални жени за вклучување на пазар на труд.
  • Воспоставени промени во работата на општините Куманово, Кратово и Крива Паланка во насока на воведување пракса за консултација со рурални жени.

РЕЗУЛТАТИ

  • Развиена и спроведена теренска едукација на рурални жени за самостојна мобилизација, буџетска писменост, медиумско преставување и застапување
  • Зајакнати рурални жени за вклучување на пазар на труд/или генерирање приходи/или искористување на мерки / политики за вработување
  • Локалната самоуправа и други релевантни институции отворени за соработка во насока на инклузивно, транспарентно и родово одговорно планирање и буџетирање или обезбедување услуги.

АКТИВНОСТИ

  • Координативни состаноци помеѓу партнерските организации
  • Ангажирање на жени од секоја заедница за координација и мобилизација
  • Подготовка на едукативен материјал
  • Мобилизација на жените од локалните заедници
  • Едукација на рурални жени за процесот на јавно застапување
  • Развивање  на застапувачки акции
  • Доставување на барање до општината од секоја заедница, за вклучување во програмата и буџетот за 2025/26 и 2026/27 год.
  • Едукација за следење на работата на ЕЛС и буџетска писменост
  • Едукација за оспособување на рурални жените за презентациски вештини потребни за нивните идни застапувачки акции
  • Организирање на јавен настан во заедниците
  • Организирање на регионални средби
  • Едукација на рурални невработените жени
  • Мониторинг на програмата и буџетот на општините Куманово, Крива Паланка и Кратово
  • Средба на рурални жени со градоначалници на општините
  • Средби на рурални жени со претставници на општините
  • Средби на рурални жени со претставници на локалните институции

ВЕБ СТРАНИЦА

https://hzmajka.org.mk

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор