18

Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

Вкупен буџет: 5.500.000 МКД

Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година

Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина

Партнери:

  • Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЛОГИК Скопје
  • Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени и дигитални едукативни информации. Преку 100,000 граѓани од Скопскиот регион ќе се запознаат со придобивките од органскиот отпад, преку дигитална кампања и завршен промотивен настан.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: 

Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Проблемот со органскиот отпад во општините е реалност и бара брза реакција од сите граѓани во општеството. Разградувањето на органскиот отпад, создава штетни компоненти, коишто го поддржуваат ефектот на стаклена градина, и влијаат на климатските промени.Примената на принципите на циркуларната економија во управувањето со органски отпади не само што помага во намалувањето на негативното влијание на човекот врз животната средина, туку исто така создава можност за креирање на одржливи и еколошки прифатливи практики, за ублажување на климатските промени.Овој проект ќе придонесе со образование и свесност во општеството за значењето на циркуларната економија и управувањето со органскиот отпад, придонесувајќи за спречување на загадувањето на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.

Специфични цели:

  • Запознавање на ученици од 7 до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) во Скопскиот регион, со потенцијалот од искористување на отпадот како суровина, преку демонстрирање на практични техники во Био-технилошка лабораторија.
  • Граѓански активизам во корист на одржливото управување со отпад и придонес кон спречување органски отпад да заврши на депонија, преку негова преработка во достапни биокомпостари.
  • Промотивна кампања и Завршен промотивен настан за претставување на резултатите од проектот, преку примена на дигитални алатки, социјални мрежи и јавно претставување со настан/и на отворено

РЕЗУЛТАТИ

  • 500-1000 ученици од 10 ООУ во Карпош, 6 ООУ во Кисела Вода и 4 ООУ во Ѓорче Петров, ќе стекнат практични знаења за искористување на придобивките од органскиот отпад.
  • Активирани граѓани придонесуваат за одржливо управување со органскиот отпад:
    • Спроведена електронска анкета за утврдување на степенот на знаења на широката јавност за штетните влијанија и придобивките од постапувањето со био-отпадот
    • Околу 100.000 опфатени со промотивна кампања за подигнување на јавна свест за штетните влијанија од неконтролираното постапување со органската компонента на отпадот од домаќинства и придобивките од искористувањето на био-отпадот, со примена на дигитални алатки, социјални мрежи и други е-канали.
    • Околу 1000 домаќинства или најмалку 2500 граѓани активни во селекција и селективно собирање на органски отпад за негова преработка во корисни производи
  • Информирани преку 100.000 граѓани од целните општини на Скопскиот регион за придобивките од органскиот отпад, преку завршниот промотивен настан и дигитална кампања.

АКТИВНОСТИ

  • 20 настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (по училиште)
  • 2 дводневни работилници за тестирање на креативни зелени идеи
  • Спроведување на анкета
  • Дигитална кампања за унапредување на знаења за придобивкте од одржливо управување со био-отпад 
  • Селекција, подготовка и чување и селективно собирањена органски отпад            
  • Селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на корисни продукти во био-технолошка лабораторија. 
  • Селекција и селективно собирање на органски отпад, по видови, за добивање на компост во биокомпостара.
  • Разработка на концептуални решенија за интегрирано управување со био-отпадот во општините кориснички.
  • Завршен промотивен настан
  • настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти (по училиште)
  • Реализација на 20 еднодневни работилници во Био-технолошка лабораторија
  • Разработка на концептуални решенија за интегрирано управување со био-отпадот во општините кориснички.
  • Завршен промотивен настан

ВЕБ СТРАНИЦА

www.rec.org.mk

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор