Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ), подготви документ за ефектите од новата законска регулатива во сферата на медиумите во Република Македонија, една година по стапувањето во сила на новите закони. Со овој документ ЦРМ сака да поттикне јавна дискусија за квалитетот на медиумските закони, за нивното влијание врз слободата на медиумите, но уште повеќе, за тоа каков медиумски систем ѝ е потребен на Република Македонија, кој ќе обезбеди слобода на медиумите и слобода на информирањето.