„Последниот студент нека го изгаси светлото на аеродром“ беше еден од многу транспаренти кои можеа да се видат на улиците на Скопје и други градови во Македонија за време на студентските, средношколските и граѓанските протести во 2014, 2015 и 2016 година. Иако младите во Македонија традиционално беа оценувани како апатични и недоволно општествено ангажирани1 Лешоска, Малеска, Коруновска, Коруновска, Здравев, Димчевски, Малески, 2016), поинаква тенденција можеше да се забележи во во Македонија во последните три години, следејќи го процесот на студентското, или поточно срочено, младинското будење, предводено од Студентскиот, а консеквентно и Средношколскиот пленум кои пркосеа на верувањето дека младите во Македонија се пасивни. Од друга страна, младинската ангажираност изразена преку овие движења зборува за незадоволството кое постои кај значителен дел од младите; првенствено од обрaзовниот систем, но не единствено. Пленумите иако се концентрираа главно со проблемите на образовниот систем, во нивниот фокус е и животниот стандард на студентите, владините младински политики (или непостоењето на истите) и економскиот просперитет за младиот човек во Македонија.