Мониторинг на локална транспарентност
Анализата е резултат на мониторингот спровед од страна на Транспарентност Македонија и четири граѓански организации, Центар за Ромска заедница -Дром Куманово, Центар за едукација и развој Теарце, Здружение за истражување на пазарот на труд во функција на мултиетничката толеранција „Профицио“, Скопје и Форум на млади – Битола. Мониторингот беше спроведен во периодот од мај 2017 г. до ноември 2017 г. и беше фокусиран на четири плански региони според територијалната поделба на Република Македонија. Овие организации имаа интерес за развој на сопствените капацитети преку примена на знаења и делување на локално ниво за тематските области: (1) буџетска ефикасност, (2) транспарентност и (3) анти корупција на локално ниво. За потребите на мониторингот беше користен Индексот за локална транспарентност развиен од страна на ТМ, кој овозможи нотирање и утврдување на фискалната транспарентност на локално ниво од страна на локални ГО со цел да се зголемуваат познавањата кај граѓаните како и да се зголеми отчетноста на локалните власти.
Проектот е поддржан од Цивика Мобилитас.