Долгоочекуваната и, за фирмите, посакувана новина во јавните набавки – задолжителното објавување на проценетата вредност на набавките, се чини дека за договорните органи е сè уште жежок костен во рацете со којшто, голем дел од нив, не знаат како да се справуваат. Имено,бројни се примерите на тендери во кои настанале одредени проблеми при спроведувањето, а причините за тоа да водат до проценетата вредност на набавката.