Не е лесно да се направи оценка на трошоците и бенефитите од реформа која опфаќа воведување и имплементација на буџетирање мерено по перформанси (performance budgeting) во Македонија. Потребна е
одредена доза на храброст да се направи таква оценка имајќи предвид дека не најдовме во литературата општа оценка за ниту една држава (освен секторски пресметки. За македонските градинки види на пример
Николов 2006 година). Дури, наодите од теренски истражувања базирани на анкети одат од една крајност до друга крајност за тоа дали е воопшто целисходно воведувањето и имплементацијата на буџетирање мерено по перформанси (види Robinson M. и Brumby J. 2005). Сепак сметаме дека прелиминарни оценки за реформа на воведување на буџетирање по перформанси мора да се квантифицираат од една ваква амбициозна активност каква што е нашиот проект кој е подржан од Европски инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).