Бездомништвото околу нас: јавно, скриено, потенцијално
Публикацијата е посветена на проблематиката на бездoмништво и
претставува вистинска реткост во стручната и во научната литература во Република Македонија. Бездомништвото е специфичен и сложен социјален феномен и процес што се однесува на лицата што се изложени на мноштво социјални ризици, кои се маргинализирани и кои најчесто живеат во сиромаштија и во социјална исклученост. Практиката и политиката што се преземаат кон бездомниците како ранлива категорија
ги надминуваат националните рамки имајќи превид дека профилот на лица што се
бездомници е променлив и во поново време вклучува категории како имигранти, млади луѓе и деца.