Во овој извештај се претставени клучните наоди, заклучоци и препораки од истражувањето за потребите од примена на асистивната технологија во наставата во средните училишта во Македонија. Податоците се однесуваат на учебната 2013/14 година. Пред истражувањето беа поставени две цели: 1) да се документира состојбата во средните училишта во поглед на примената на компјутерите како алатка за подобрување на
квалитетот на образованието на учениците со посебни образовни потреби, и 2) да се идентификуваат потребите и можностите за примена на асистивната технологија во наставниот процес.