Технологијата го олеснува животот на сите луѓе. Асистивната технологија станува сѐ позначајна алатка за вклучување на лицата со попреченост во современиот дигитален свет, заснован на знаење и информации.
Во образованието, асистивните решенија претставуваат значаен ресурс што ги подобрува образовните можности на децата и младите со попреченост. Многу земји располагаат со богато искуство што потврдува дека технологијата има потенцијал за позитивна улога во инклузивното образование. Во Македонија, овие искуства честопати ги поврзуваме со развиените, богати земји кои можат да си дозволат врвна и скапа технологија.