Поднесуваме иницијатива и го повикуваме Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета („Службен весник на Република Македонија“ број 143/2012) (во натамошниот текст: Законот). Имено, самата постапка во која е донесен Законот е спротивна на
Амандманот XXV на членот 98 од Уставот кој во ставот 4 предвидува дека „Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив, се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.“